Избор Струга Хроника

Запленети познати брендови парфеми и лосиони на царинската испостава Струга

Струга, 13. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – 468 парфеми, 220 лосиони,18 рачни торби и два комплети несесери со ознаки на заштитена трговска марка се откриени при контрола на стока со потекло од САД, наменети за увозник од Скопје, а пријавени за увозно царинење во царинската испостава Струга.

Поради сомнение дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 750 000 денари, доколку би се продавале како оригинали. (Крај)

извор: Царинска управа  фото: архива