Избор Струга Хроника

Кривична за стружанец кој живеел во вонбрачна заедница со малолетна охриѓанка

Струга, 13. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија од Струга поднесе кривична пријава против 20-годишниот А.М. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“.

– Во текот на август минатата година во Струга, пријавениот во неговиот дом започнал да живее во вонбрачна заедница со 15 годишна малолетничка од Охрид, и покрај тоа што знаел дека била малолетна, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива