Избор Охрид

Силен ветар и бранови до два метри во Охрид, оштетени објекти на првата езерска линија (Фото/Видео)

Охрид, 17. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Силен ветар проследен со врнежи од дожд го погоди регионот на Охрид денеска и го разбранува Охридското Езеро предизвикувајќи бранови високи од 1,5 до 2 метри.

Водостојот на езерото по последните врнежи од дожд е релативно висок. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи уште од вчера нивото е три сантиметри над дозволениот максимален водостој.

ohridbran2 ohridbran3Според метеоролозите, во текот на денот ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен повремено силен јужен ветер (над 80 км/час, а на планините и над 100 км/час). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Максималната температура во Охрид до 18. степени.

– Дневните температури ќе бидат значително повисоки, на повеќе места ќе достигнат над 20 степени. Кон крајот на денот и утре ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела и понеделник на места врнежите ќе бидат пообилни. Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд, информираат од УХМР.

ohridbran4Високите бранови предизвикаа и поплавување кај дел од објектите што се наоѓаат на крајбрежјето, одноно на платформите и терасите кои се на првата линија на езерото.

видео: Славица Зарчева

Репортерите на OhridPress и Супер радио јавуваат и за оштетувања и на потегот на плажите и селото Пештани.

pestaninevreme

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/Томислав Бакулески (Пештани) видео: Славица Зарчева