Избор Струга Хроника

Кривични пријави за две лица од Струга кои претепале двајца сограѓани

Струга, 18. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 36-годишниот Т.Ш. и против 62-годишниот Д.О., двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

– На 17-ти минатиот месец, во ресторан во Струга, пријавените по вербална расправија физички ги нападнале лицата, 29-годишниот Д.К. и 38-годишниот Т.П., кои се здобиле со тешки телесни повреди, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива