Избор Охрид

Оштетувања и на плажите, кај „Метропол“ оштетен мостот и лизгалката (Фото)

Охрид, 18. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Силното невреме од вчера предизвика оштетувања и на некои од најпопуларните плажи на брегот на Охридското Езеро.

На плажата пред хотелот „Метропол“ има оштетувања на мостот, а силните бранови ја оштетија и лизгалката поставена во езерото. На плажата „Акапулко“ беа откорнати голем број од дрвјата кои беа посадени на самата плажа, а денес се вршеше нивно повторно садење и обид да се спасат садниците.

metropolostetuvanje2Поголеми оштетувања се регистрирани и на плажата „Немо“, односно „Горица 3“, каде силниот ветер и брановите го оштетија заштитниот ѕид и предизвикаа оштетувања на плажата.

gorica3ostetuvanjeизвор: ОхридПрес фото: ОхридПрес