Избор Струга Хроника

Тешка кражба во Струга – украден сеф од наплатен пункт на ЕВН

Струга, 19. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 23:30 часот на 17-ти март до 06:00 часот на 18-ти, непознати сторители извршиле тешка кражба во наплатен пункт на ЕВН Македонија, во трговски комплекс на Кеј „8-ми Ноември“ во Струга.

– Сторителите со употреба на сила влегле во деловната просторија и одзеле сеф во кој, според кажување на одговорното лице, имало 935.000 денари, по што побегнале. Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива