Избор Охрид

ОУ „Живко Чинго“ ќе го одбележи патрониот празник и 142 години постоење

Охрид, 19. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти утре ќе го одбележи својот патронен празник.

Ова училште годинава одбележува 142 години од своето постоење. Низ годините, од ова училиште излегле околу 22.500 ученици, од кои голем дел го продолжиле своето образование, а голем е бројот и на оние кои се стекнале со докторски титули.

На свечаната приредба ќе настапат училишниот хор, најмалите ученици со свои музички точки, а ќе биде отворена и ликовна изложба. На најуспешните ученици ќе им бидат доделени награди.

Свечената приредба ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 18:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива