ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид

Езерото пред излевање на потегот пред хотел „Милениум“ (Фото/Видео)

Охрид, 27 март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро денес е на само неколку сантимери пред излевање на кејот, на потегот пред хотелот „Милениум“.

Според последните мерења, езерото веќе два дена е на котата од 693,99 метри надморска височина, односно 24 сантиметри над максималаната кота.

mazijamart2Времето денес беше променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Максималната температура во Охрид до 10. степени.

– Од утре следува период на стабилно и суво време. Од четврток ќе има позначителен пораст на дневната температура, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка, информираат од УХМР.

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес