Избор Свет

Израелски и германски авион се судрија на аеродром во Тел Авив

Тел Авив, 28. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Авион „боинг 737“ на германската авиокомпанија „Германија“ пред полетувањето од меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ крај Тел Авив се судрил со авион на израелската „Ел Ал“.

Патниците од двата авиона биле пренесени на безбедно и меѓу нив немало повредени, соопшти израелската аеродромска администрација.

За овој инцидент веднаш била отворена истрага, а авионите нема да летаат додека истата не заврши.

Авионот на „Ел Ал“ трабало да полета кон Рим, додека германскиот авион за Берлин. Се проценува дека материјалната штета на двата авиона е голема. Според првичните информации, лице одговорно за инцидентот е возач кој го водел германскиот авион од терминалот кон пистата, соопштија израелските медиуми. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива