април 1, 2018

Охрид, 1. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во „Тамаро 7“ маркетот, во населбата Бејбунар во Охрид, синоќа се одржа финалето и доделувањето на наградите во рамките на проектот „Кога мислам на благо, мислам на Винчини“, во организација на „Тамаро“ маркетите и Супер радио.

Изминаа два месеци супер дружба со „Винчини“, кои заедно со водечките охридски „Тамаро“ маркети и Супер радио направија февруари и март да бидат месеци на „Винчини“ во Охрид и Струга.

tamarovincinifinale2– Шеесетина дена добивавме од вас пораки, фотографии и видеа кои ги снимавте во „Тамаро“ маркетите, како ги испробувате највкусните „Винчини“ производи. Да ве потсетиме, се` што требаше да направите беше да купите некој вкусен „Винчини“ производ во посебното „Винчини катче“ во најблискиот до Вас „Тамаро“ маркет. Од вработените добивавте налепница која ја користевте во видеото или фотографијата. Сето тоа ни го испраќавте на Facebook страната на Тамаро маркетите, а за сите кои бевте навистина креативни обезбедивме и вредни награди, порачаа организаторите на синоќешната финална емисија.

tamarovincinifinale3За најдобрите се доделија и вредни награди. Првата награда ја освоија Мартин Јузмески, Илија Трале Левески и Илија Аврамоски кои изработија навистина фантастично видео, преку кое ни доволија вистинска шопинг приказна и сосема заслужено ја освоија главната награда – виденд патување. Втората награда, односно 500 највкусни Винчини тортички заминаа кај групата другари, односно Ева, Марко, Марија, Виктор и Дарија кои испратија навистина фантастично и креативно видео. Третата награда, 300 највкусни Винчини тортички ја освои Мена Каранфилоска, која исто така ни испрати одлично видео.

tamarovincinifinale4 tamarovincinifinale5– Секој викенд не дружеше и нашиот нов официјален партнер OutletOn, кој доделуваше вредни неделни награди за најдобрите во неделните циклуси. Од OutletOn за Емче која исто така ни испрати одлично видео обезбедија еден фантастичен МЕГА ѕиден часовник кој ќе биде украс на нејзиниот дом и ќе ја потсетува на дружбата со „Винчини“, „Тамаро“ и Супер радио, порачаа организаторите, кои најавија дека следуваат нови супер атрактивни проекти.

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука