Економија Избор Охрид

Свечено отворен ексклузивниот „Тамаро 10“ маркет (Фото/Видео)

Охрид, 4. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Семејството на охридските „Тамаро“ маркети од денес е побогато за уште еден современ маркет.

На површина од 300 метри квадратни, на улицата „7-ми Ноември“ (поранешен „Ден Трејд“), веднаш до ОУ „Братство“, во присуство на бројни партнери, јавни личности и пријатели на компанијата, денеска беше свечено отворен новиот „Тамаро 10“ маркет во Охрид.

tamaro10otvoranje2 tamaro10otvoranje2a– Многу сме задоволни од досегашната работа, а од денес сме побогати со уште еден, во низата наши маркети. Овој е ексклузивен маркет, со нов лик, најавува нешто ново што во иднина ќе следи, а ќе имате можност и сами да видите. Не застануваме овде, продолжуваме понатаму, вели Јулија Силјаноска, една од одговорните во „Тамаро“.

tamaro10otvoranje6– Чест и задоволство е што сме дел од фамилијата на „Тамаро“ маркетите. И во овој нов маркет ќе може да се најдат нашите производи од слаткиот програм, а во однос на пекарата ќе имаме многу нови производи, нови интегрални и млечни пецива и лебови, рече Благица Ситникоска од „Тамаро“.

tamaro10otvoranje3 tamaro10otvoranje4 Во наредните две недели во „Тамаро 10“ ќе има бројни нови акции, а ќе продолжат и понатаму со исто темпо како и досега.

tamaro10otvoranje5Ланецот маркети започна со работа во далечната 1997 година и од тогаш расте со прогресија од по еден маркет во просек на секои две години. Секој ден е се` поблиску до потрошувачите, кои ги препознаа како „свој“ маркет и веруваат во него. Од 2016 година, во склоп на „Анабела“ производството работи и „Тамаро“ пекарата, паралелно со слаткарата и кујната за готови јадења. Во склоп на „Тамаро“ холдингот работи и магацинот на големо „АМ“ кој доставува роба до сите маркети на „Тамаро“ во Охрид и околните места, заедно со Струга и околните места.
Повеќе фотографии од отворањето ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес