Економија Избор На кафе со... Охрид

Србиноски: „Тамаро“ е компанија која пред себе поставува највисоки стандарди и предизвици

Охрид, 10. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – „Тамаро“ маркетите во Охрид, веќе подолг период наназад прераснаа во сериозен бренд и првата асоцијација на купувачите кога размислуваат за најснабден и современо уреден маркет. Се издвоија како општествено одговорна компанија која има слух за потребите на градот, на кој му враќаат со постојани акции, но и поддршка на многу хуманитарни и спортски акции. Важат за вистински лидери на пазарот на локално и регионално ниво.

Деновиве беше отворен новиот „Тамаро 10“, со што компанијата на најсоодветен начин одбележа полни 20 години од постоењето на пазарот.

Во интервју на Супер радио и OhridPress, генералниот директор на „Тамаро“ маркетите Климент Србиноски зборува за поставеноста на компанијата, целите и задачите, навиките на охриѓани за купување, маркетингот како многу важен дел од работата, идните планови и многу други аспекти од работата на „Тамаро“.

Супер радио: Кон крајот на минатата година „Тамаро“ прослави полни 20 години успешна работа. Како гледате на овој период од сегашна гледна точка? Тешко ли беше да се стигне до тука?

Србиноски: Тешко… тежок е секој пат што ќе го започнеш, но со надеж и силна волја може да се направи се` во животот. За мене ова е најлесната работа, поради што уживам во секој момент од неа и кога е добро и кога има проблеми, тоа е исто кога ќе ти се расипе моторот од колата. Сакам веднаш да го поправам и пвторно да го слушнам звукот. Дваесетте години во успехот на „Тамаро“ поминаа со доста труд и многу остварени планови и соодветни инвестиции направени во вистинско време, а тука е целиот тим да го одржиме заедно она во што денес прерасна компанијата.

klimentsrbinoskiint2Супер радио: Живееме во тешко време, кога економијата е на многу ниско ниво. Охрид како град е скоро преполовен по бројот на жители последниве 20-тина години. И покрај тоа успевате да се изборите и да останете на пазарот, а сепак да имате и развојна компонента, односно да се ширите и да отворате нови маркети. Имате ли разработена стратегија за развој или, како и повеќето компании, само реагирате на работите што ги носи ова несигурно време?

Србиноски: А кое време е сигурно? Со почетокот на 2018 година внесовме свежина во нашето работење и започнавме со нов систем во кој има доста измени, нови инвестиции и многу планови кои веќе се остваруваат внатре во фирмата. Се менуваат полека работите за потоа да се пласираат кај вработените, затоа што минатото не учи дека се` што е брзо лошо се прифаќа. Економијата е секогаш на ниско ниво, исто како во едно семејство од во просек четири лица. Ако двајца заработуваат добро, а другите двајца трошат, тука нема економија. Но, ние си имаме свој пат, своја стратегија и како да се развиваме и се прилагодуваме на секое време што доаѓа и секогаш сме подготвени за предизвиците кои ги носи иднината.

Супер радио: Успехот на секоја фирма се должи на сознанијата кои ги има за пазарот на кој работи, но и на навиките и потребите на граѓаните. Очигледно е дека и овој дел го имате одлично разработено. Какви се навиките на охриѓани? Каде купуваат, што купуваат, што е пресудно за да изберат каде ќе ги потрошат средствата?

klimentsrbinoskiint3Србиноски: На ова прашање ќе го скратам одговорот… Јас сум успешен во мојата област и можам да кажам како стигнав до овде. Одговорот е едноставен – јас имам почит кон секого и кон секоја област… Секој нека го следи моето школо и постапки и заеднички ќе стигнеме многу напред. Не е битно каде се купува, ама битно е што добиваш таму од каде што купуваш и кој си ти таму каде што купуваш? Одговорот се крие токму во во ова прашање. Секој нека си го одговори во себе и ќе го добие вистинскиот одговор.

Супер радио: Колку вработени има „Тамаро“ во моментов? Како е поставена компанијата на ова поле? Вршите ли редовни обуки и ги следите ли новитетите на ова исклучително важно поле за развој на секоја сериозна компанија?

Србиноски: Во моментов имаме 200 вработени и нормално како што го прошируваме бизнисот така се зголемува бројот на работните места. Во новиов систем веќе се почнати „Тамаро“ обуки, за поголем развој во нашата компанија. Обуките се одржуваат во холдингот каде пред извесно време ги отворивме новите канцеларии. Тука имаме и сала за менаџмент и обуки, а наскоро отвораме школо за обучување персонал. Предвидена е соработка со компанија со која заедно ќе го едуцираме кадарот, се` во насока на поголем заеднички развој.

Супер радио: Во претходен, неврзан разговор, ни посочивте дека воведувате комплетно нов систем на работа, поставеност во компанијата на одговорните лица, работниците и менаџерите? Користите ли искуства од надвор, па ги прилагодувате, или креирате комплетно нов систем, уникатен за „Тамаро“?

Србиноски: Да веќе го почнавме во јануари оваа година. Има нови работни места што се отворени што ги немало во нашата компанија претходно. Се прават уште подетални анализи за подобрување на нашата продажба, поставеност во нашите маркети (по рафтови, по артикл, позиции и др.), анализа за нови програми, тим за маркетинг и нов систем за маркетинг и стратегија за нови проекти.

tamaro10otvoranje4Супер радио: Она по што се издвојувате најмногу од другите е маркетингот. Сведоци сме на голем број кампањи, кои како да не прекинуваат – се претопуваат една во друга и се одлично прифатени од сите категории граѓани. Имате ли посебен тим кој го работи овој сегмент, кој по квалитет и содржина далеку отскокнува од границите на Охрид?

Србиноски: Маркетингот е основната алатка во системот што го внесов во 2018 година и полето каде многу ќе се инвестира. Маркетинг не е само реклама, туку маркетингот е длабоко имплементиран и во нашиот внатрешен систем и веќе стана и како начин на бизнис живот и однесување во компанијата. Овој сегмент го работам јас, заедно со Сашо Митан и сите проекти ги пласираме со мојот тим од „Тамаро“ во соработка со Супер радио и новата продукција Feel Production. Проекти веќе имаме за цела 2018 година, а има и многу други кои се на разгледување. За секој проект имаме потоа ревизија со тимот како сме поминале и кои биле нашите грешки за да можеме во секој сегмент да дојдеме до повисоко ниво, за нашите купувачи да бидат максимално задоволни.

Супер радио: Тамаро одамна е „Повеќе од маркет“. Слаткарницата „Анабела“, готовите јадења, рибарница, пекара… На „Тамаро“ му успеа и она што за многумина беше невозможно да се спои – мало и големопродажбата, затоа што во холдингот работи и Магацинот на големо „АМ“. Како Ви успева сето тоа да го споите во едно?

Србиноски: Секогаш е добро кога имаш предвремен план и стратегија. Тогаш си подготвен во иднина, со добар тим да ги распределиш сите гранки да работат добро. „Тамаро“ е компанија која пред себе поставува високи стандарди и предизвици, и токму тоа што на прв поглед делува „невозможно“ ни дава уште поголема мотивација да го преточиме во реалност. Имаме добра стратегија да ги усогласиме сите гранки и директно ги поврзуваме со нашите маркети. Нормално, имаме почетен пласман кај нас за да можеме понатаму да се развиваме уште повеќе. Веќе направивме нов проект со новиот „Тамаро 10“ маркет, каде во самиот маркет направивме пекара и имаме во секој момент тазе лебови и пецива со голем асортиман што ќе се печат во моментот додека купувачите пазарат за дома да однесат топли и крцкави производи. Ова е почетниот проект, а веќе го подготвуваме новиот за „Тамаро 7“ маркет кој ќе се ребрендира во делот кај деликатесната програма, пекарата и сопствената „Тамаро“ парфимерија. Наскоро ќе има и нови „Тамаро“ маркети, но тоа во овој момент нека остане само во најава.

tamaro10otvoranje5Супер радио: Охрид веќе е скоро комплетно покриен. Отворивте маркет и во Струга. Како ќе се развива брендот Тамаро – кон подетално покривање на Орхид и Струга или можеби имате планови и за ширење надвор од овој регион.

Србиноски: Имаме планови многу и ги остваруваме полека, со анализи и стратешки за да не направиме грешка која би влијаела врз комплетната „Тамаро“ приказна. Секогаш носиме на нас „панцир“ за да можеме да се одбраниме и сме подготвени предвреме на сите предизвици. Ширењето на „Тамаро“ нема да прекине, баш напротив, според мене само што започна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес