Избор Македонија Охрид

Коѕијас во Охрид – синоќа неформална средба, денес официјална

Охрид, 12. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Под засилени мерки на обезбедување, првиот човек на грчката дипломатија Никос Коѕијас вчера допатува во Охрид, каде денес ќе се одржи третата официјална средба со неговиот македонски колега Никола Димитров, како дел од најновата рунда преговори за спорот за името.

Во ресторан во центарот на градот, тој синоќа имаше работна вечера со неговиот домаќин, додека официјалниот дел е предвиден за денес.

Пред пристигнувањето на Коѕијас во Охрид, тој од Белград порача дека е направен чекор напред во решавање на спорот за името и дека за негово затворање е потребен компромис.

– Реализам и прагматизам е клучот на решението. Потребен е компромис, но не гнил компромис. Двете страни мора да разберат дека не можат да добијат се, истакна шефот на на грчката дипломатија.

Наскоро се очекува и средба на двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, средба за која шефот на македонската влада рече дека е клучна за решението. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Фокус