Спорт

Ѓоковиќ и Надал во иста половина од ждрепката за Мастерсот во Монте Карло

Монте Карло, 15. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Монте Карло официјално започнува Мастерс-сезоната на земја, со третиот турнир во 2018 година од Мастерс серијата, а прв од трите на земјена подлога.

Рафаел Надал како најголем фаворит на оваа подлога, ја брани титулата од минатата сезона.

По завчерашната ждрепка познато е дека во истата четвртина од ждрепката со Надал е Новак Ѓоковиќ. Според планот, ако не наиде на изненадување Надал во четвртфиналето би играл со подобриот од мечот меѓу Ѓоковиќ и Тием.Борна Чориќ е првиот ривал на Ѓоковиќ, а Надал чека ривал од квалификациите.

Во долната половина од ждрепката се наоѓаат Чилиќ, Зверев, Карењо-Буста и Пуј. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива