Избор Култура Охрид

Охриѓанката Севил Селман со брилијантен настап во Истанбул

Охрид, 16. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот „ Босфор квартет“, во кој прва виолина е охриѓанката Севил Селман, на 5-ти април, по повод Велигденските празници, имаше брилијантен концерт во катедралната црква „ Св. Антониј Падовански“  на плоштадот Таксим во Истанбул.

На концертот,  со наслов „ Воздишките на жиците “, беа изведени дела од Бах, Моцарт и Вивалди кои предизвикаа бурни позитивни реакции кај бројната публика.

04_04_2018_SEVIL_SELMAN_5

Првата виолина на „ Босфор квартет“, охриѓанката Севил Селман  е студент на четврта година  на престижниот конзерваториум „ Мимар Синан“ во Истанбул во Турција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: општина Охрид