Избор Струга Хроника

Кривични пријави за три лица поради „фалсификување и употреба на невистинита исправа“

Струга, 17. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, Полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 45-годишниот Г.М. од Гостивар и една година постариот Х.Ф., косовски државјанин со привремен престој во Гостивар и против 42-годишниот Л.К. од Струга.

– Пријавениот Г.М. во текот на декември 2016 година, направил лажна исправа-странски купопродажен договор за продажба на возило, ставил лажен потпис и датум и така фалсификуваниот договор го употребил пред Бирото за метрологија за отварање постапка за идентификација и добивање согласност за регистрација на возилото. Второ-пријавениот Х.Ф. се потпишал на лажна исправа и ја заверил кај нотар. Трето-пријавениот, како овластен шпедитер од Струга, исправата со невистинита содржина – договор за купопродажба на патничко моторно возило, ја доставил во Управни служби во Струга, со цел регистрација на возилото. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес