Спорт

НБА: Голден стејт поведе со 2-0, Мајами ја изненади Филаделфија (Видео)

Оукленд, 17. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Актуелниот шампион во НБА-лигата, Голден стејт поведе со 2-0 против Сан Антонио, во првото коло од плејофот.

Иако уште играат без повредениот Стеф Кари, Вориорс го надиграа Сан Антонио со 116-101, благодарение на доминацијата во второто полувреме, кое го добија со 69-48.

Кевин Дурент и Клеј Томпсон беа одлични, првиот со 32, вториот со 31 поен, а Ламаркус Олдриџ не можеше сам да го понесе Сан Антонио, па залудни беа неговите 34 поени и 12 скока.

Интересна станува пресметката на Истокот меѓу Филаделфија и Мајами, бидејќи „жешките“ славеа на гости со 113-103. Двејн Вејд беше играч на натпреварот со 28 поени и одлична прецизност 11 од 16 од игра. Бен Симонс и Даниел Шариќ кај Филаделфија беа на еден скок од дабл-дабл, првиот со 24, вториот со 23 поени.

извор: Спорт 1 фото: архива