ЕКОЛОГИЈА Избор Струга

Трибина во Струга „Како да управуваме со депонијата додека не се изгради регионалната депонија“

Струга, 17. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Струга ќе се одржи јавна трибина „Како да управуваме со депонијата додека не се изгради регионалната депонија“.

Организатор е Здружението Центар за одржлив развој на заедницата од Дебар. Учество ќе земат преставници на општина Струга,граѓанската иницијатива ДОСТА Е!, Еколошкото друштво „Натура“, како и претставници од граѓански организации и граѓански активисти.Проектот ќе го презентира координаторот Шуип Марку. На тема „Здравјето и туризмот не можат заедно со дива депонија“ ќе зборува Берат Села од „Натура“, а за потребните чекори за решавање на проблемот според погледот на граѓаните ќе зборува активистот Ардиан Демири од „Стружани за Струга“.

Почетокот на трибината е од 13:00 часот, а ќе се одржи во канцелариите на Центар на заедниците Струга (во зградата на народна одбрана). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива