Спорт

Вардарки денес го добиваат противникот за 1/2 финалето од ЛШ

Будимпешта, 17. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес со почеток од 18:00 часот во Будимпешта ќе се изврши извлекување на ждрепката за полуфиналните двојки во Лигата на Шампионите.

Екипите на Вардар, Ѓер, ЦСМ Букурешт и Ростов Дон ќе имаат можност да се борат за Европската титула. Овие тимови успеаа да стигнат до самиот крај на најголемото натпреварување, но сам еден од нив ќе има можност да се радува на трофејот.

Кој ќе биде последната пречка за црвено-црните до големото финале ќе дознаеме вечерва откако ќе се извлечат полуфиналните двојки. (Крај)

извор: Спортски фото: архива