Економија Избор Локална самоуправа

МЈП „Проаква“ ќе поставува бар кодови на водомерните броила

Охрид, 17. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од МЈП „Проаква“ – Струга, Р.Е. „Водовод“ од Охрид, информираат дека ќе започнат со имплементација на нов проект кој се состои од монтажа на картички со бар кодови.

Како што велат од претпријатието, поставувањето на бар кодовите е во насока на полесно, точно и навремено читање на водомерните броила, а со тоа и поголема заштита на корисниците.

– За таа цел потребно е да се обезбеди непречен пристап до водомерните броила, односно потребна е соработка од потрошувачите. Екипите на МЈП „Проаква“ се веќе на терен и започнаа со имплементација на истиот, информираат од претпријатието. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива