Избор Охрид Партии

И покрај најавите, се` уште нема нов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид

Скопје, 17. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – И покрај најавите во дел од медиумите, на вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, сепак не се соопшти името на новиот претседател на Општинскиот комитет на партијата.

На вчерашната седница на ИК беше избран нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а беа донесени и неколку кадровски решенија. Меѓу другите, ИК на ВМРО-ДПМНЕ му предложи на Централниот комитет на партија 9 претседатели на Општински комитети.

За претседател на ОК Аеродром е предложен Дејан Митески, за ОК Студеничани Кенан Абди, за ОК Центар Гане Петров, за ОК Карпош Тони Јаревски, за ОК Гази Баба Бобан Стефковски, за ОК Ѓорче Петров Бојан Стојаноски, за ОК Сарај Мартин Ристески, за ОК Прилеп Петар Ристески и за ОК Струмица Александар Донев. ИК на ВМРО-ДПМНЕ му предложи на Централниот комитет и двајца нови членови на ЦК, Јохан Тарчуловски и Зоран Коцевски.

Иако во охридската јавност се шпекулираше со неколку имиња за нов прв човек на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, сепак, до овој момент нема официјална потврда за тоа кој ќе ја води партијата на локално ниво во наредниот период на местото на сегашниот претседател Кирил Пецаков. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива