април 28, 2018

Барселона, 28. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Андрес Иниеста по долги 22 години објави дека си заминува од Барселона.

Еден од најдобрите  фудбалери во средниот ред,на прес-конференција,емотивно  ја соопшти својата одлука и им се заблагодари на сите што биле со него во изминатите две децении.Иниеста најверојтно ќе ја продолжи кариерата во Кина.

Тој  допатува на Камп Ноу во 1996 година играјки за младинскиот тим.Од сезоната 2002/2003 ,фудбалерот за врска доби прекоманда во сениорската екипа.

Легендарниот  играч освои 8 титули со Барселона во Шпанското првенство и 4-ри во ЛШ. (Крај)

https://youtu.be/IvjLuVYmljs

извор: Телма фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука