Економија Избор Охрид

КИМ и „Тамаро“ наградуваат: Кој е вашиот омилен вкус КИМ мармалад?

Охрид, 2. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Започна новата наградна игра на охридските „Тамаро“ маркети и компанијата КИМ.

– КИМ и „Тамаро“ повторно наградуваат и забавуваат. Се` што треба да направите е да купите само три мармалади со омилениот вкус на КИМ мармаладите. Капачињата да ги ставите во плик и со личните податоци да ги оставите во најблискиот „Тамаро“ маркет. Главната награда е машина за перење, а ќе имаме и многу други вредни награди. Извлекувањето е на 25-ти мај со голема забава во еден од маркетите, информираат од „Тамаро“.

Проектот кој е осмислен од креативниот тим на Супер радио предвидува и забава со дечињата, нашите најмали другари, но и сите купувачи на „Тамаро“.
– Тие ќе ги пробаат најубавите палачинки намачкани со највкусните КИМ мармалади на 11-ти мај, а ќе се одржи и голема завршна забава на крајот на играта, на 25-ти мај, со џиновска КИМ палачинка и многу награди. Купуваме и добиваме со КИМ и Тамаро, додаваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива