Економија Избор

Хотел Unique Resort & Spa – нова угостителска понуда во Охрид

Охрид, 10. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Сместен во срцето на Охрид, утре, 11-ти мај, во 18:00 часот ќе биде отворен хотелот  Unique Resort & Spa.

Хотелот е сместен во непосредна близина на Охридското Езеро, во близнина на Билјанини извори. На посетителите им овозможува да бидат опкружени во природна средина, а сепак да се на само неколку минути пеш од центарот на градот.

– Располага со 130 просторни и луксузно уредени соби, опремени со уникатни содржини. Нивниот топол и модерен ентериер зрачи со пријатен амбиент за дружење и престој. За одличната услуга која ќе ја нуди хотелот ќе биде задолжен тим од врвни експерти во својата област. Хотелот располага и со голем ресторан во кој за врвната храна за сите сетила, ќе се погрижи тим на кувари кој имаат богато искуство зад себе, информираат од Unique.

Хотелот располага и со најмодерен спа центар и фитнес сала. Фитнес центарот располага со најнова Techno gym опрема, а во понудата има и опремени конференциски сали за организирање на разни настани.

– Нудиме луксузен амбиент, како и уникатност. На најгорниот кат на хотелот повелете на нашата прекрасна летна тераса со преубав поглед на Охридското Езеро и древниот Охрид. Објектот располага и со сопствен паркинг, додаваат од Unique Resort & Spa. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес