Избор Струга

Состанок за подготовка на меморандум за разбирање за размена на информации меѓу земјите од западен Балкан во Струга

Струга, 14. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија Оливер Спасовски, утре ќе присуствува на подготвителниот состанок за подготовка на меморандум за разбирање за размена на информации меѓу земјите од западен Балкан.

Меморандумот ќе се потпишува на самитот во Лондон од страна на министрите за внатрешни работи на земјите од западен Балкан.

Средбата во Струга ќе се одржи во хотелот „Дрим“ со почеток во 09:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес