Избор Струга

Иницијатива за прогласување на планината Јабланица за Национален парк

Струга, 16. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалницците на Струга Рамиз Мерко и на вевчани Сашо Јанкоски, денес напладне ќе ја потпишат иницијативата за прогласување на планината Јабланица за заштитено подрачје во категорија Национален парк.

– Иницијативата е веќе поддржана од претседателите на сите месни заедници – села од подрачјето на планината Јабланица кои што се наоѓаат во територијата на идниот Национален парк или во нејзино непосредно соседство, согласно предложеното зонирање на Националниот парк согласно претходно направените научни студии, информираат од иницијативниот комитет за прогласување на Јабланица за Национален парк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива