Економија Избор Охрид

Охридскиот шеф Влатко Ѓорѓиески готви за српскиот џет сет на „Деновите на македонската традиција“ во Белград

Охрид, 16. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридскиот шеф Влатко Ѓорѓиески готви за српскиот џет сет на „Деновите на македонската традиција“, манифестацијата која од 14-ти до 28-ми мај се одржува во Белград, Србија.

Целиот настан се одржува по седми пат во ресторанот „Ковач“, а основната идеја е преку гастрономската традиција на гостите да им се приближат блиските народи. Поради огромното интересирање во српската јавност и големиот број вљубеници во македонската култура и гастрономија, оваа година манифестацијата ќе трае полни две недели.

vlatkosrbijaОрганизаторите за таа цел го ангажираа познатиот кувар од Охрид Влатко Ѓорѓиески, кој ги промовираше највкусните македонски специјалитети, во комбинација со нашите најубави вина. Оваа година на отворањето на „Деновите на македонската традиција“ Република Македонија ја промовираа и сестрите Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска, кои со убавата музика ги воодушевија сите присутни.

Во вкусните македонски специјалитети уживаа сите гости, а меѓу нив беа и познатата пејачка Лепа Брена со сопругот Боба Живојиновиќ, глумецот Влада Алексиќ, Никола Јефтиќ, Бранислав Лечиќ, Маја Оџаклиевска, Зафир Хаџиманов, Никола Китановски, Оливер Њего, Весна Југовиќ, Надежда Јокиќ, Дијана Ѓоковиќ и многу други.

Погледнете дел од атмосферата:

<p>Gostima će se kroz gastronomsku tradiciju približiti nama dragi i bliski narodi</p>

Image may contain: 1 person, fire, food and indoor

<p>Gostima će se kroz gastronomsku tradiciju približiti nama dragi i bliski narodi</p>

<p>Gostima će se kroz gastronomsku tradiciju približiti nama dragi i bliski narodi</p>

<p>Gostima će se kroz gastronomsku tradiciju približiti nama dragi i bliski narodi</p>

извор: еспресо.рс фото: еспресо.рс