Избор Локална самоуправа Охрид

Концесионерите на нова средба со претставници на локалната самоуправа

Охрид, 17. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес во големата сала на општина Охрид ќе се одржи нова средба на концесионерите на охридските плажи со претставници на локалната самоуправа.

На средбата ќе се разговара за текот на постапките околу концесионирањето на плажите во пресрет на годинашнава главна туристичка сезона.

Ваква средба се одржа и пред два месеци. Тогаш концесионерите побараа концесиите за плажите да се издаваат за период подолг од пет години, старите концесионери да имаат предност при конкурирање за истите или пак плажите да се издаваат со непосредна спогодба.

Почетокот на средбата е закажан за 14:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес