Избор Струга

Вевчанци спасија мечка заплеткана во жичана сајла

Вевчани, 19. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Група ловџии од ловното друштво „Церн Камен” од Вевчани спасија мечка која беше фатена во замка. Животното беше заплеткано во жичана сајла во шумата над селото и ако не ја пронајдеа, најверојатно ќе угинеше.

– Мечката ќе умреше од глад, за неа најголема опасност е човекот кој ја лови за крзното, а има и други предатори во шумата, иако таа е најголемо животно на овие простори. Меѓутоа, кога е врзана таа е немоќна да се одбрани, вели искусен ловџија од Вевчани, јави порталот сдк.мк.

Во ослободувањето на заробеното животно учествуваа и жители од селото Подгорци. (Крај)

извор: сдк.мк фото: сдк.мк