Избор Охрид

И Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ во хумана мисија за помош 10-годишната охриѓанка

Охрид, 25. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – И членовите на акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ со повеќе активности ќе дадат свој придонес во хуманата мисија за помош на 10-годишната Ева од Охрид.

20-30 членови на клубот денес ќе го средуваат дворот и околината на црквата „Св.Троица“ во населбата Црногорци, а ќе им помогнат во подготовките за празникот Духовден. За возврат, црковниот одбор ќе уплати средства на сметката за донации за помош на Ева.

Во деновите од викендот, пак, нивни членови ќе бидат во маркетите „Тамаро“, ќе им помагаат и ќе ги анимираат купувачите да донираат средства.

10- годишната Ева од Охрид веќе една година се бори со леукемија. Состојбата акутно и се влошила, па неопходно е да оди на операција во Германија.

Засега е отворена само сметка за донации, а наскоро ќе бидат отворени и броеви за донација.

Сметка за донација:
210-7000006464-47 НЛБ Банка (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива