Скопје, 17. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.649 тестирања, при што се регистрирани 89 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 46
• Битола 14
• Прилеп 11
• Тетово, Струмица и Неготино по 3
• Кавадарци и Охрид по 2
• Куманово, Гевгелија, Штип, Струга и Кичево по 1
Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 15 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.
Регистрирани сe 55 оздравени пациенти од:
• Скопје 41
• Битола 4
• Кавадарци 2
• Куманово, Велес, Гостивар, Охрид, Свети Николе, Богданци, Кратово, ДемирКапија по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.996.485 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.605, бројот на оздравени пациенти е 298.306, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.038. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство