Избор Струга Хроника

Кривична за лице од Велешта кое на соселанец му нанело тешки телесни повреди

Струга, 4. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 25-годишниот М.Ј. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

– На 18-ти минатиот месец, во струшкото село Велешта, по претходна вербална расправија, пријавениот физички го нападнал 58-годишниот З.М. од истото село при што му нанел тешки телесни повреди, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива