Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид

Учениците уште утре во училишните клупи, почнува летниот распуст

Охрид, 7. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – За околу 270 000 средношколци и основци, од кои околу 20 000 првачиња, утре е последниот училишен ден и почеток на летниот распуст.

Оние кои завршуваат деветто одделение, уписите во средните училишта ќе бидат на  18-ти и 19 јуни, второто пријавување е на 28-ми јуни, а вториот уписен рок е на 23-ти август.

Во Охрид според Конкурсот отворени се вкупно 1190 места во четирите средношколски училишни центри. За гимназиско образование има 272 места, во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ слободни се 170, во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ 442, а во ОУТУ „Вачно Питошески“ има 306 места за идните средношколци.

Матурантите, пак, откако минатиот викенд полагаа странски јазик, оваа сабота, 9-ти јуни полагаат мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, кој е еден од трите екстерни испити и е задолжителен на државната матура.

На 11-ти јуни ќе го полагаат третиот екстерен предмет (хемија, физика, биологија, историја, филозофија, естетика или бизнис), а на 13-ти јуни ќе се полага математика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива