Избор Култура Струга

Промоција на музичкиот перформанс „Еволуција на музиката од среден век до модерно време“

Струга, 7. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде промовиран музичкиот перформанс „Еволуција на музиката од среден век до модерно време“.

Мултикултурно и мултиетничко соединување преку овој перформанс е проект на Здружението „Тактус“ од Охрид во соработка со Државното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ – Струга.

Проектот е дел од проектот „Декада на припадност – славење на различноста“ поддржан од Европската Унија, а се имплементира преку Локална Агенција за Развој – Струга и Здружението на граѓани „Креативни и активни“ од Струга.

„Еволуција на музиката“ претставува едукативен музички перформанс во кој се претставува развојот на музиката низ вековите, а во кој учествуваат ученици од различни етнички групи. Целта на настанот е да покаже пример за меѓуетничко разбирање, соединување, дружење, соработка, комуникација и славење на различноста преку универзалниот јазик – музиката.

Почетокот на промоцијата е во 18:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива