Избор Струга Хроника

Во струшки Универзитет вербално нападнати просветни инспектори на должност

Струга, 7. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Две лица, вработени во Државниот просветен инспекторат, вчера во Полициската станица во Струга пријавиле инцидент додека биле во просториите на Меѓународниот Универзитет во Струга.

Посетата била осварена врз основа на задолжение од директорот на Државен просветен инспекторат, а требало да извршат вонреден инспекциски надзор. При нивното влегување во просторитте на универзитетот, биле пречекани од одговорното лице А.К. кој, откако му биле  покажани службените легитимации и задолжението за надзор, на инспекторите веднаш им се обратил на висок тон и со навредливи и заканувачки зборови. Истиот, го зел задолжението за вонреден надзор кое му било покажано и на Г.Р. (вработен во Универзитетот) и го фрлил и побарал од државните просветни инспектори да го напуштат универзитетот. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. (Крај)

извор: МВР фото: архива