ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид

Денес „Мој Охрид, чист Охрид“, сите заедно до почист и поубав ОХРИД

Охрид, 9. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на туристичката сезона, денес во Охрид ќе се одржи првото издание на големата ЕКО акција за чистење на крајбрежјето на Охрид „Мој Охрид, чист Охрид“.

– Започнуваме во 10:00 часот, на 9 Зони на кои ќе чистат повеќе од 1.500 граѓани. Интересот е навистина огромен и на наше огромно задоволство охриѓани ја препознаа акцијата како своја и масовно се пријавуваа за учество. Уште еднаш испраќаме апел и до сите други да дојдат во најблиската зона до нив и да помогнат да го направиме нашиот прекрасен Охрид уште поубав. Оние кои ќе бидат спречени да дојдат на лице место, нека направат своја „мини акција“ во домовите, зградите, фирмите и секаде каде се во можност. Организирани се сите технички делови на акцијата и извршена е детална координација со одговорните во ЈП „Охридски комуналец“ и општина Охрид. Се` е подготвено за првото издание на акцијата и се надеваме дека ќе имаме убаво време и успешна акција, порачуваат организаторите.

akcijasomediumiВо рамките на големата ЕКО акција „Мој Охрид, чист Охрид“ ќе се чисти на потегот од населбата Воска до хотелот „Десарет“, кој е поделен на 9 реони. Првиот реон е комплетно чистење на плажата кај Воска, следен реон е Стариот град, потоа потегот од мостот до плажата „Golden beach“, потоа до „Славија“, зона 5 е од „Славија“ до хотел „Аквалина“, потоа до хотел „Гранит“, следната зона е до хотел „Метропол“, зона 8 е од хотел „Метропол“ до плажа „Атлантис“ и последниот реон е до Пештани и хотел „Десарет“. За сите учесници се обезбедени вреќи, вода и ракавици, а посебни екипи на охридскиот Црвен крст со медицински ранци ќе се при рака при евентуални поситни повреди. Исто така е обезбеден превоз со автобуси на АД „Галеб“ до подалечните плажи (тргнувањето е од пред ОУ „Григор Прличев“ на Бул. „Туристичка“ од 09:00 до 10:00 часот). На крајот на акцијата, вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го соберат ѓубрето и ќе го однесат на соодветна локација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива