Избор Македонија Охрид

БПЦ: Ќе сториме сé за да им помогнеме на браќата во Македонија

Софија, 10. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ќе сториме сé за да им помогнеме на браќата во Македонија. Ние сме подготвени и денес да направиме сè што е во наша моќ и што е во согласност со светите канони на Светата Црква, за да им потпомогнеме нашите православни браќа во денешна Македонија, порачаа од Бугарската православна црква во пораката по повод 1000-годишнината од формирањето на Охридската архиепископија.

– Историските судбината на земјите, во кои по Божја волја сите ние живееме, и на христијаните кои живеат денес во овој регион се сложени. Денес на Балканот постојат сосема различни во споредба со далечното минато државни и црковни реалности. Сп различните општествено-политички процеси во овој регион во текот на годините се создадое нови држави и нови помесни Православни цркви кои примиле една или друга црковна јурисдикција која постоела во минатото. Она што сепак продолжува и денес да не обединува сите нас, без исклучок, е нашата од Христа Исуса доверена православна христијанска вера. Она што и денес продолжува да не сплотува е единството во светата и маченичка Православна Црква. Тоа беше и причината за Светиот Синод на Бугарската Православна црква да ја прифати предложената од македонска страна улога на посредник кој ќе ги преземе неопходните и можни чекори и активности пред другите братски Православни цркви за решавањето на канонските црковен статус на Православната црква во Република Македонија, која повеќе од половина век страда од наметната црковна изолација. Со овој мотив и со оваа намера од ноември 2017 година, пристигна од Република Македонија желбата и предлогот да го преземеме на себе товарот за решавање на статусот на Православната Црква во оваа земја. Но, ваква намера не може во никој случај да имплицира кршење на вековните правила во Црквата, стои во пораката.

Од БПЦ додаваат дека последните шест месеци црковното и јавно внимание во Бугарија е насочено врз соседна Република Македонија и особено врз темата за статусот на Православната Црква, која за жал со децении престојува надвор од односите со семејството на помесните Православни цркви.

– Оваа тема и овој проблем добија поголемо внимание и по официјалните изјави од раководството на оваа Црква со желба Бугарската Православна Црква – Бугарска Патријаршија да ја прифати улогата на нејзина мајка-црква, и така конечно да биде решен канонскиот статус на Црквата во денешна Македонија. Желбата беше прифатена со внимание и чувство за одговорност од бугарска страна, но истовремено и недвосмислено негативно од страна на некои братски Помесни цркви, кои отворено изјавија дека не се согласуваат со ваков развој на македонското црковно прашање. Дел од поголемиот проблем е прашањето за историската судбина на постоење во минатото на Бугарската Охридска архиепископија, во чие основање оваа 2018 година се наполнија илјада години. Имаше и претстојат прослави на оваа важна годишнина, кои се` уште се сведоштво за длабочината на поделбата меѓу Православните цркви по ова прашање, истакнуваат од БПЦ.

Истовремено, во врска со одбивањето на Бугарската Православна Црква да учествува во прославата, која се одржа на 27-ми и 28-ми мај во историскиот храм на Божјата премудрост во Охрид, до Бугарската патријаршија биле упатени тешки зборови, кои оделе и до обвинувања за предавство, а кои, без разлика дали биле плод на неразбирање или на недобронамерност, внесоа непотребна горчина во целата наша Црква, се вели во патријаршиската и Синодска порака, потпишана од страна на Партриархот Неофит и сите и митрополити. (Крај)

извор: BGNES фото: BGNES