Избор Култура Охрид

Охридската библиотека во текот на летото ќе работи во една смена

Охрид, 11. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридската библиотека „Григор Прличев“ од денес до 31-ви август ќе работи во една смена.

– Читателите ќе може да изнајмуваат книги во периодот од 08:30 до 16:00 часот, а работното време на библиотеката е до 16:30 часот, информираат од градската библиотека.

Инаку, периодов наназад интензивно се збогатува книжниот фонд во библиотеката, па така за љубителите на пишаниот збор достапни се и најновите изданија од повеќе жанрови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива