Избор Локална самоуправа Охрид

Се средува и чисти фонтаната на плоштадот „Чинар“ (Фото)

Охрид, 11. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Интензивно се чисти и средува фонтаната на плоштадот „Чинар“.

Служби на општинските јавни претпријатија работат на средување на околината и внатрешноста на фонатаната. Подолг период наназад несовесни лица во фонтаната фрлаат се и сешто, некои си зедоа за право и да ги искршат мермерните плочки, а и годините и временските прилики оставиле печат врз неа.

fontana cinar 2

Кон крајот на месец март беше објавен архитектонскиот Конкурс за избор на идејно архитектонско решение за реконструкција на плоштадот „Чинар“, со кој е опфатена и реконструкција на фонтаната. Од локалната најавија дека ваквите зафати ќе започнат од месец септември.

Граѓаните се надеваат дека на тој начин ќе добијат уште едно место со корисен и уреден простор, кој ќе биде вистинска атракција како за нас така и за туристите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес