Забава Избор Охрид

СИТЕ ВО ОХРИД: Концерт на Влатко Стефановски на 1. август во Охрид

Охрид, 11. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ова лето ќе биде центарот на музиката и забавата, далеку преку границите на државата.

Последниот од големите настани кои се најавуваат за ова лето е големиот концерт на нашиот најдобар гитарист и поранешен лидер на култните „Леб и сол“, легендарниот Влатко Стефановски.

Во организација на Bagi komunikacii, концертот ќе се одржи на 1-ви август, на Антички театар во Охрид.

Влатко Стефановски неодамна го промовираше „Мајчин јазик“- негов прв соло акустичен албум кој содржи инструментални верзии на македонски народни песни. Станува збор за 35-тиот албум во неговата кариера, а на него, помеѓу другите, се поместени песните: „Зошто си ме мајко родила“ (посветена на Есма и Стево Теодосиевски), „Огреала месечина“, „Успаванка за Радмилу М“ – композиција за истоимениот албум на „Бијело дугме“ за која Влатко вели дека настанала во Скопје како минујатура за две гитари, Касапско оро и 13-осминското Пелистерско оро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива