Избор Македонија

Остварен телефонски разговор помеѓу Премиерите Заев и Ципрас

Скопје, 11. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот ден е остварен телефонски разговор помеѓу Премиерите на Република Македонија и на Република Грција, Заев и Ципрас.

– Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше 60 минутен телефонски разговор со претседателот на Владата на Република Грција Алексис Ципрас. Разговорот се реализираше помеѓу 14 и 15 часот по македонско време. За време на разговорот се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија. Во текот на утрешното претпладне ќе следува уште еден телефонски разговор, информираат од Владата на Република Македонија. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: архива