Избор Локална самоуправа Празници

Ифтарска вечера на плоштадот „Чинар“ во чест на празникот Бајрам

Охрид, 11. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – За сите граѓани од муслиманска вероисповед во Охрид, Градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски вечерва приреди Ифтарска вечера.

Традиционалната Ифтарска вечера е во духот на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам и потврдените определби за соживот, мирољубие и човекољубие, беа пораките на средбата.

– Ваквите средби и празнувања ги јакнат односите  меѓу граѓаните,  соживотот и дека се потврда за почитување на универзалните хумани човекови вредности. Како и досега, така и во иднина, со почитување на верската различност ќе се градат меѓусебната толеранција, милосрдието, разбирањето и просперитетот на Охрид и Република Македонија, истакна градоначалникот Стојаноски.

Ифтарската вечера се одржа на плоштадот „Чинар“ во присуство на бројни граѓани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива