Избор Култура

Вечерва годишен концерт на градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“

Охрид, 12. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ вечерва ќе го одржи својот годишен концерт, како заокружување на успешната хорска сезона.

Ќе бидат изведени 12 композиции, меѓу кои  духовни како и обработки на македонски и странски композиции, прилагодени за мешан хор, изјави за Супер радио и OhridPress диригентот Бурим Хидри.

programa koncert hor

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Св.Софија“, со почеток во 20:30 часот, а влезот ќе биде слободен.

Охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ настапувајќи на сите позначајни свечености во градот, дава голем придонес за нивното реализирање и се наметна како значаен субјект од областа на културата во Охрид. Низ годините хорот се развиваше и оствари бројни настапи во земјата и надвор од неа. Тој е своевиден културен амбасадор на градот Охрид и Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес