Економија Избор Охрид

Меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храната во Охрид

Охрид, 13. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храна, здравје и нутриционизам ќе се одржува од денеска до петок во Охрид.

На конгресот ќе присуствуваат над 150 научници, истражувачи, експерти, како и претставници на владини и невладини претставници кои работат во областата на производството и преработката на храна, квалитетот и безбедноста на храната, нутриционизмот, хигиенското инженерство и дизајн, иновативните технологии и новите трендови во прехранбената индустрија.

Конгресот се оджува во соработка со Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн и Иницијативата за глобална хармонизација. (Крај)

извор: МИА фото: архива