Избор Свет

Пет земји имаат над 54% од светските резерви на злато

Лондон, 13. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пет држави со најголеми златни резерви во светот поседуваат 54.12 отсто од вкупните резерви од овој метал на глобално ниво.

Ова се податоците на Светскиот совет за злато објавени на почетокот на јуни.

Лидерски позиции продолжуваат да се окупирани од САД и Германија со 8.133,5 и 3.371 тони, следуваат Италија и Франција со по 2.451,8 и 2.436 тони златни резерви.

Петтата позиција од пред еден месец ја зазема Русија со веќе 1.909,8 тони и се рангираше пред Кина. Во Топ 10 се Швајцарија, Јапонија, Холандија и Индија.

Златните резерви на Меѓународниот монетарен фонд се еднакви на 2.814 тони, или поинаку кажано, ако ММФ беше држава, тогаш таа би ја зазела третата позиција во рангирањето.

Земјите од Еврозоната денеска поседуваат 10.779,5 тони злато, или 31.88% од сите резерви. Овие држави сепак се карактеризираат со висок процент на злато од вкупните резерви – 55,7%.

Во последниве месеци најактивни на пазарот беа Русија со купувања на 71 тони злато, следени од Турција со 28,9 тони, и Казахстан која ги зголемила златните резерви со 13,4 тони. Најголеми продажби од почетокот на оваа година се реализирани од Венецуела, Катар и Германија. Цената на златото денес осцилира околу 1.300 долари за унца. (Крај)

извор: Денар фото: архива