Избор Култура

Концерт за паметење на градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ (Фото)

Охрид, 13. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со аплаузи и овации беа поздравени членовите на градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“, кој синоќа одржаа годишен концерт.

Публиката, меѓу кои имаше и бројни странски туристи, уживаше во композициите, а беа застапени духовни, модерни домашни и странски, како и оние инспирирани од народното творештво. И сето тоа поткрепено со ентузијазмот, спојот на генерации, позитивната енергија што хористите и диригентот ја црпат едни од други придонесе да приредат уште еден концерт за паметење.

hor godisen koncert 4

Престиж за хористите беше што настапуваа во катедралниот храм „Св.Софија“, местото со посебна магија, во кое музицирале плејада познати домашни и светски имиња.

hor godisen koncert 3

hor godisen koncert 2
Со овој концерт градскиот хор „Вокс Лихнидос“ заокружи уште една хорска сезона, вткаена во повеќегодишната успешна хорска приказна. Инаку, тука не застануваат, активни ќе бидат и во текот на летото со неколку настапи, а  новата сезона наесен ќе ја стартуваат со учество на фестивал во Аланија, Турција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес