Економија Избор

Лифт бизнис кредит на Охридска банка за мали и средни претпријатија

Охрид, 13. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридска банка Сосиете Женерал, во своето корпоративно кредитно портфолио воведува нов бизнис кредит – Лифт кредит, наменет за мали и средни претпријатија кои имаат потреба од финансирање на тековните деловни активности.

Лифт – бизнис кредитот e креиран со цел да им помогне на малите и средни претријатија да го подигнат својот бизнис на едно повиско ниво, односно преку поволна каматна стапка и атрактивна понуда без дополнителни трошоци, малите и средни претпријатија да можат да го унапредат своето работење, да набавуваат материјали и стока, да го финансираат тековно производство, или генерално да ја подобрат ликвидноста на својата компанија.

Почнувајки од денес, сите заинтересирани мали и средни претпријатија, може да аплицираат за Лифт – бизнис кредит во Охридска банка Сосиете Женерал и да го искористат промотивниот период кој ги ослободува клиентите од провизија за исплаќање на кредитот, како и од провизија за одржување.

Лифт – бизнис кредитот се карактеризира со фиксна каматна стапка од 5.5% за целиот период на исплата на кредитот, односно за период од 13 до 36 месеци, за обртни средства, индексиран во евра, за износи од 5.000 до 50.000 евра.

Со воведување на Лифт – бизнис кредитот во своето корпоративно кредитно портфолио, Охридска банка Сосиете Женерал и понатаму продолжува да делува како Банка, која е во одлични и долгорочни релации со корпоративниот сектор во земјата, посветувајќи им внимание и грижа на малите и средни претпријатија, преку понуда на атрактивен производ со кој ќе им го олесни тековното работење.

Повеќе информации за Лифт – бизнис кредитот и за останатите производи на Банката може да најдете на www.ohridskabanka.mk или во експозитурите на Банката ширум земјата. (Крај)

извор: Охридска банка фото: архива