Забава Избор

Moby ја продава целата своја колекција плочи за помош на борбата против модерните болести

Лондон, 13. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот музичар Moby ќе ја продаде целата своја колекција плочи за да собере средства за Physicians Committee for Responsible Medicine.

Распродажбата ќе започне утре, 14-ти јуни на сајтот Reverb LP’s кој е посебно отворен за промоција на колекцијата на Moby во која има ретки изданија од неговиот личен каталог, како и стотици 12 инчни синглови кои Moby ги „вртеше“ за време на неговата DJ кариера во 80-тите и 90-тите.

– Ова се плочи кои ми значат многу и кои сум ги носел на настапите ширум светот, вели Moby во видеото кое го промовира настанот.
Повеќе сакам некој да ги користи и да ги сака како што јас го правев тоа, а парите кои ќе ги собереме ќе одат кај Physicians Committee for Responsible Medicine. Вака сите добиваме, додава музичарот.

Во април оваа година, Moby продаде повеќе од 100 парчиња музичка опрема за да помогне на Physicians Committee for Responsible Medicine, организација која ги користи искуствата на повеќе од 12.000 физичари во комбинација со повеќе од 175 илјади членови ширум светот, кои заедно се борат против болести како дијабетес, срцеви заболувања, рак и прекумерна тежина. (Крај)

извор: rollingstone.com фото: rollingstone.com