Забава Избор Култура Охрид

Фестивал „Детски свет“ на новата сцена, малиот плоштад кај ТЦ Амам

Охрид, 16. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со изведбите на младите уметници во рамките на фестивалот „Детски свет“, денес заврши детскиот креативен камп за музика, сцена, лично и тимско усовршување.

Во рамките на тридневниот камп, за кој организаторите се надеваат дека ќе прерасне во традиција, беа опфатени следните активности: правилното дишење, артикулација, изговор, трема и како да се справите со трема, сцена и однос кон публика, соло пеење, пеење во група, темпо, ритам, динамика, однос кон микрофон и подигнување на личен и тимски дух.

detskikamp1Првиот дел се одржа во Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид, а кампот беше заоружен денес со настапот на младите ученици на фестивалот „Детски свет“, кој се одржа на новата сцена – малиот плоштад пред ТЦ „Амам“.

Кампот се реализира под водство на Дејан Лилиќ, Андријана Јаневска и Сони Петровски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес