Избор Свет

Во 2017 година достигнат нов рекорд во бројот на бегалци

Женева, 19. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Бројот на бегалци и внатрешно раселени лица во светот минатата година достигна рекордни 68,5 милиони луѓе, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Оваа бројка се зголемува веќе петта година по ред.

Во својот годишен извештај објавен денеска, УНХЦР го објаснува продолжувањето на зголемувањето на бегалците и внатрешно раселените луѓе во светот во 2017 година со кризата во Демократска Република Конго, конфликтот во Јужен Судан и бегството на стотици илјади рохинџи од Мијанмар.

Еден на секои 110 луѓе во светот е принуден да живее надвор од својот дом. (Крај)

извор: МИА фото: архива